Мани Пакијао сака да излезе од пензија за да се бори со Конор Бен

Легендарниот филипински боксер, поранешен светски шампион во 8 тежински категории, Мани Пакијао може да ја продолжи професионалната кариера. Подготвен е да се врати за да се бори со Британецот Конор Бен.

Новинарот Мајкл Бенсон објави на својата страница на социјалните мрежи дека 44-годишниот Пакијао веќе ги обновил тренинзите и сака да се бори со Бен, и покрај фактот што падна на допинг-тест минатиот октомври.

Пакијао ја водеше последната борба во 2021 година, при што загуби од Кубанецот Јорденис Угас за титулата во полусредна категорија на ВБА. Исто така минатата година, Мани се кандидираше за претседател на Филипините, но загуби.

Во јануари оваа година беше објавено дека Пакијао потпишал договор со јапонската ММА промоција Ризин ФФ. Пред еден месец беше објавено дека Мани ќе боксира со борачот Кота Ибуши на Ризин. Датумот и локацијата за нивната борба се уште не се објавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON