Мани Пакијао официјално го најави враќањето во рингот

46-годишниот филипински боксер Мани Пакијао објави дека е подготвен да ја продолжи кариерата која ја прекина во 2021 година.

Неодамна Меѓународната боксерска асоцијација го покани да се бори во Русија во 2025 година.

„Ја обновувам кариерата и се враќам во 2025 година. Имаме неколку предлози за кои ќе разговараме и ќе ги избереме најдобрите“, изјави Пакијао за ТАСС.

Пакијао се пензионира во 2021 година откако ја загуби титулата во велтер категорија од Јорданис Угас. Сепак, тој продолжи да се појавува во две егзибициски борби и планира да се врати во рингот во 2025 година за борба за титулата во полусредна категорија на ВБЦ против Американецот Марио Бариос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО