Мани Пакијао го кажа својот омилен боксер

Мани Пакијао многумина го сметаат за еден од најголемите боксери на сите времиња, а сега филипинската легенда го избра својот омилен борец.

Веќе на 44-години Пакијао се пензионира по неговата последна борба против Јорденис Угас, која му го донесе осмиот пораз во кариерата од 72 борби. За тоа време тој освои повеќе титули во осум различни тежински категории и ги победи боксерите како Рики Хатон, Тимоти Бредли, Кит Турман и Шејн Мозли, иако загуби од Флод Мејведер во една од најголемите борби на сите времиња во 2015 година.

На прашањето од Boxing King Media кој е неговиот омилен боксер, Мани одговори:

„Тоа е мојот омилен боксер, Назим Хамед“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО