Мани Пакијао стана херој во игра (ВИДЕО)

Боксерската легенда Мани Пакијао се стекна со своја видео игра.

Таа се вика „Борбена гордост: Сагата Мани Пакијао“, следејќи го патот на филипинската ѕвезда до врвот. Играчите ќе можат да го играат во три различни режими – историски, играч против играч и оној што буквално ги следи чекорите на „Пак ман“ до светски титули во осум различни категории.

„Fighting Pride: The Manny Pacquiao Saga“ е игра за мобилни телефони, чиј развој започна во 2017 година.

„Неговата приказна е фасцинантна и инспиративна. Како на подобар начин да се претстави на светот од оваа мобилна апликација“, прокоментира Мајк Очоса, претседател на развојната компанија.

Играта ќе има 100 нивоа во различни фази, а во идните надградби ќе има нови предизвици. Се очекува да биде достапна во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON