Ленокс Луис соопшти кој е најдобар во тешка категорија

Ленокс Луис, една од најголемите легенди на професионалниот бокс во тешка категорија, одреди кој е најдобар боксер кај тешкашите.

„Тајсон Фјури е мојот број еден. Тој е едноставно неверојатен. Може да прави работи што не се гледаат често во тешка категорија. Добро се движи, демонстрира висока интелигенција во рингот. Очекувам големи работи од него во иднина“, изјави Луис за boxingscene.com.

55-годишниот Луис, кој е последниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, зборува и за можната за борба меѓу Фјури и Ентони Џошуа за обединување на титулите во тешка категорија.

„Љубителите на боксот долго време сакаа да го видат неприкосновениот шампион. Мислам дека ќе биде голема борба, бидејќи Фјури и Џошуа се одлични спортисти. Сите со нетрпение очекуваат ваков голем судир“, додаде англискиот боксер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО