Мани Пакијао: Се уште не сме се договориле со Мејведер

Филипинската боксерска легенда Мани Пакијао ги демантира информациите на Флојд Мејведер дека веќе се договориле за реванш меч. Долгогодишните ривали повторно можат да се сретнат во рингот откако првиот дуел му припадна на Американецот.

„Уште нема ништо конкретно, а водиме преговори. Кога тој ќе ја обнови неговата кариера, тогаш ќе се бориме. Се видовме со Флојд на настан во Јапонија. Реакцијата на фановите беше позитивна. Ова е голем меч. Флојд ми кажа дека за него тоа ќе биде лесен натпревар. Му предложив да се врати и му реков дека сепак поседувам шампионски појас. Има голема веројатност оваа борба да се одржи. Сака да се врати и да ми ја одземе титулата. Ќе ви кажам кога ќе се вратам во рингот следната недела, без разлика кој ќе биде противникот. Дали тоа ќе е Мејведер или некој друг? Меѓу потенцијалните противници се Амир Кан, Ејдан Брунер и Теренс Крафорд“, рече Пакијао.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON