Мани Пакијао се повлекува од боксот

Светскиот шампион во осум категории Мани Пакијао потврди дека најверојатно никогаш повеќе нема да се бори по неговите 72 професионални борби.

Пакијао минатиот месец го прекина двегодишно отсуство, откако загуби со едногласна одлука од шампионот во средна категорија на ВБА, Јорданис Угас.

Во претходната битка на Пакијао, во јули 2019 година, победи со одлука во дванаесет рунди над непоразениот Кит Турман за да ја освои титулата на ВБА.

Минатиот викенд Пакијао објави дека ќе се кандидира за претседателската трка во Филипините во 2022 година.

Во последните неколку месеци филипинската суперѕвезда водеше кампања против корупцијата на владата – и особено против односите меѓу претседателот Родриго Дутерте и Кина. Пакијао доби номинација од партијата ПДП-Лабан.

Во текот на последната деценија, аспирациите на Пакијао се префрлија од боксот кон политиката.

„Мојата боксерска кариера? Мојата боксерска кариера заврши”, рече Пакијао.

„Го направив тоа затоа што долго време бев во бокс и моето семејство вели дека е доволно. Сепак, продолжив затоа што сум заљубен во спортот”.

Доколку Пакијао се пензионира, неговата кариера ќе вклучува 62 победи, 8 порази, 39 победи со нокаут и 2 нерешени средби.

Влезе во рингот во 1995 година и ја освои првата светска титула во 1998 година во лесна категорија.

„Само ќе поддржам други боксери за повторно да имаат шампион во Филипините“, рече Пакијао.

https://www.youtube.com/watch?v=J5c89Zoo6lQ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON