Рико Верховен: Не e релано да има трилогија со Бадр Хари

Славниот шампион во тешка категорија, Рико Верховен, не гледа поента во трилогијата со Бадр Хари. Тие се бореа двапати во последните години во Глори. Во двете битки Хари водеше на поени, но не успеа да победи.

Во првата борба, Бадр се здоби со повреда на раката и загуби со технички нокаут во втората рунда. Ова се случи пред 5 години. Во нивната втора борба на крајот на 2019 година Хари успеа два пати да го собори Верховен.

Сепак, тој се здоби со повреда на ногата и не продолжи, загуби со технички нокаут во 3 -тата рунда. Рико е во серија од 14 последователни победи, а Хари во серија од 4 последователни порази. Следниот месец Верховен ќе ја брани титулата против легендата Алистер Оверем.

Хари загуби со нокаут од Аркадиуш Вжосек на почетокот на овој месец. Говорејќи за холандските медиуми Верховен јасно и концизно рече дека е нереално да се зборува за трилогија со Хари.

„Не e реално да се каже дека повторно ќе се бориме со Бадр Хари доколку тој продолжи да ги губи мечевите. Не можете да се спротивставите на борец кој губи се против борец кој победува се“, рече Верховен.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО