Поранешниот светски шампион во осум тежински категории, Мани Пакијао, кој најави повлекување од спортот во август 2021 година, планира повторно да се бори. Веста ја откри претседателот на МП промоушнс, Шон Гибонс.
Според Гибонс, Пакијао е во преговори за борба во полусредна категорија против Конор Бен. Таа борба треба да се одржи на 3 јуни во Абу Даби, иако Бен размислува и за уште двајца противници за својот камбек: Кел Брук и Крис Јубенк Јуниор.
Пакијао ја водеше последната борба во 2021 година, при што загуби од Кубанецот Јорденис Угас за титулата на ВБА во полусредна категорија. Исто така, минатата година Мани се кандидираше за претседател на Филипините, но загуби.
Во јануари оваа година беше објавено дека Пакијао потпишал договор со јапонската ММА промоција Ризин ФФ. Пред неколку дена стана познато дека и Мани преговара за егзебициски меч, која би била тимска пресметка. Мани ќе се здружи со Солт Папи во боксерски меч против Флојд Мејведер и КСИ.
Не е познато која борба ќе се случи наскоро, но Пакијао очигледно е сериозен да се врати во рингот.