Мани Пакијао по трети пат против Тимоти Бредли

mannypacquiao_bradley

Мани Пакијао (57-6-2, 38 КО) конечно го објави името на следниот противник.

Филипинецот (37 г.) на 9 април 2016 година во Лас Вегас по трети пат ќе се бори со шампионот на ВБО во велтер категорија  Тимоти Бредли (33-1-1, 1 НЦ, 13 КО).

„Тоа е завршена работа. По трети пат ќе се бори со Тимоти Бредли. Многу размислувавме за ова, бидејќи Бредли многу е подобрен како борец од нивната последна борба во 2014 година“, рече промоторот на Мани, Боб Aрум, за Манила тајмс.

„Бредли е среќен поради ова и тоа ќе биде многу неизвесна битка. Веста дека Мани ќе се бори со Адриен Бронер е невистинита“.

Во првата борба во 2012 година Пакијао бесрамно е украден и ја загуби ВБО титулата откако судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Американец. Во реваншот во април 2014 година Мани ја доби борбата со едногласна одлука.

„Пак-Ман“ не се борел откако загуби од Флојд Мејведер во мај. Бредли (32 г.) во почетокот на ноември со прекин во девета рунда го победи Брендон Риос.

Иако Пакијао најави дека ова ќе му биде последна борба, неговиот промотор Боб Арум нема да го промовира мечот како таков, најавувајќи дека тоа на Филипинецот нема да му биде последениот влез во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО