Мани Пакијао и догодина ќе се натпреварува

pakijao-vo-crvena-maicka

Професионалниот боксер и сенатор во филипинскиот парламент, Мани Пакијао, изјави дека планира да ја продолжи кариерата и следната година.

37-годишниот Пакијао се врати на рингот по 7-месечна пауза и го освои шампионскиот појас во полусредна категорија во верзијата Светска боксерска организација по победата над Џеси Варгас во Лас Вегас.

„Мислам да продолжам. Се уште можам добро да боксирам, моето тело е ОК, очигледно јавното патешествие ќе продолжи“, изјави Филипинецот.

Пакијао има само два порази во 67 натпревари како професионалец и ги има освоено светските титули во осум различни категории.

https://youtu.be/LhC5PtMWNVo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON