Мани Пакијао е со намера да се кандидира за претседател на Филипините

Mani Pakijao so luge

Поранешниот светски шампион во бокс, Мани Пакијао на прес-конференција во Њујорк, изјави дека не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател на Филипините. Боксерот, кој е познат и како музичар и филантроп, е познат и во политичските кругови,,. Од 2010 година тој е пратеник во парламентот на Филипините.

„На Филипините политиката е како бокс – луѓето вечно се борат еден со друг“, рече Мани Пакијао, кој пристигна во Њујорк, за да ја добие престижната награда од ОН. Тој ги увери новинарите дека оперираното рамо 90 отсто третирано и уште во март следната година ќе може да се врати на рингот. Филипинецот претпоставува дека негов ривал може да стане Британецот Амир Хан.

„Ние сме пријатели со Амир, но во рингот нема пријателство. Боксот е спорт“, рече Пакијао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON