Манекенот во кимоно Самир Салиу го договори семинарот со Халдун Алагаш

Samir i Alagas

Каратистот Самир Салиу е клучната врска за доаѓањето на славниот турски и светски каратист Халдун Алагаш на семинар во Скопје на 5 март.

Samir so irfan alin ismet

„Со Алагаш се запознав преку мојот внук Ејуп Гуркан, кој исто така е каратист во Истанбул-Турција. Тоа беше пред четири години, поточно во 2012 година. Тој зборувал со Алагаш, којприфатил да вежба една недела со мене“, објаснува тренерот во КК Куштрими, Самир Салиу, како вежабл кај славниот Алагаш во Турција.

„Мене ми беше чест да вежбам со него. Навистина, човекот е легенда“, категоричен е Самир.

Правел многу јаки тренинзи, кои досега нашиот каратист не видел некој дека да вежба така како него.

„Се дружевме додека бев таму. Ме шеташе. Тој ми рече дека еден ден сака да дојде во Македонија, во Скопје, да ме посети. Јас му ветив дека ќе напраам нешто големо. И, ми текна идеата да направиме семинар во Скопје. Бидејќи мислам дека ни треба таков човек, кој постигнал се во каратето“, објаснува Самир како дошоло до семинарот на Халдун Алагаш во Скопје.

Поотоа разговарал со колегите тренери во Куштрими, Ирфан Алија и Исмет Шерифи, да организираат семинар.

„И, ете, ќе биде“, констатира Салиу.

Тој веќе не е натпреварувач, туку помошен тренер во Куштрими околу 2 години. Годинава во јануари положи за карате судија.

Самир вели дека семинарот ќе биде добро организиран и ќе помине во најдобар ред.

„Ги повикувам сите каратисте да учествуват на овој семинар, затоа што има што да учат и од кого да учат“, повикува Самир.

Samir maneken

Од друга страна, каратистот Самир е прмиер како може да се спортистот може да биде успешен  и во други области. Тој е манекен во модното студио „Црнокрак“.

„Мојата кариера како манекен во модното студио „Црнокрак беше добра. Во 2010 година почнав да се занимавам со менекенство. Имавме неколку ревии, неколку реклами.

Потоа ми пристигна добра понуда од Турција од модно стдуио ДАМАН. Едно време бев таму и работев за нив. Потоа одлучив да се вратам дома, во Скопје, за да бидам поблиску за фамилијата“, рече Салиу.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON