Малинаги: Животот ќе ми биде поубав, ако повеќе не го видам Мек Грегор (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во бокс Полие Малинаги продолжи со своите коментари околу скандалозниот спаринг со Конор Мек Грегор. Американецот беше навреден од зборовите на ММА ѕвездата и одлучи да ја повтори приказната за дотичната битка.

„Јас не сум човек кој ќе му бакнува газ, како што тоа го прават сите околу него. За време на спарингот тој не се претстави лошо во првите пет рунди. Но во почетокот на шестата се отвори. Не е навикнат со удари во телото. Многу гори во борбата и сакаше да си ги измери силите. Почнав да го удирам во телото, а тој почна да стенка. Мојот живот ќе биде поубав ако повеќе никогаш не го видам Мек Грегор“,рече Малинаги.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО