Малик Скот: Вајдлер ќе го нокаутира на Џошуа во 3 рунди

Малик Скот, тренер на поранешниот светски шампион во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (43-2-1, 42 КО), смета дека борбата со Британецот Ентони Џошуа (24-3, 22 КО) е приоритет.

За ваква битка се зборува во последно време. Има големи шанси да ја видиме во 2023 година. Вајдлер треба прво да се бори со Енди Руиз за да создаде предизцикувач за титулата во тешка категорија на ВБЦ. И Џошуа ќе мора да се бори со некого.

Доколку двајцата ги добијат следните борби, тогаш во 2023 година има големи шанси конечно да видиме ваков дуел.

„Тоа е единствената опција што навистина би ја сакал за Дионтеј. Според мене, светот на боксот и во тешка категорија ја заслужија оваа борба. Исто така, мислам дека Дионтеј ќе го нокаутира Џошуа во рок од три рунди.

А сепак, сè уште сакам да го гледам бидејќи ова се двајца од најдобрите во нашата ера“, рече Скот во интервју за Јутјуб каналот Ес њуз.

Во последната борба во октомври Вајлдер го нокаутира во првата рунда финскиот ветеран Роберт Хелениус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON