АктуелноМеѓународна сценаММА

Малихин и Кејн повторно ќе се сретнат – Големиот реванш доаѓа во ноември во Токио

ОНЕ официјално објави една од најочекуваните битки во тешка категорија-реваншот меѓу Рускибот Анатоли Малихин и ѕвездата на Сенегал, Умар Кејн, што ќе се одржи на 16 ноември во Токио за време на ОНЕ 173.

Првата средба меѓу нив се одржа во ноември минатата година во Бангкок и заврши со изненадувачки поделена одлука на судиите во корист на Кејн. Тоа беше првиот пораз во професионалната кариера на Малихин, по 14 последователни победи и го чинеше титулата во тешка категорија на ОНЕ.

Русинот, познат по агресивниот стил и нокаутерска моќ, ќе има можност да го врати изгубениот појас и да го зајакне статусот како еден од најпознатите доминантни борци во историјата на организацијата. И покрај поразот, Малихин продолжува да ги држи појасите во средна и полутешка категорија, што го прави една од најголемите фигури во азиската ММА.

Думар Кејн- Рог Рог, кој ужива култен статус во Сенегал, има статистика 7 победи и само 1 пораз. Неговиот успех против Малихин го засили неговото име на светската сцена и ја постави основата за овој високо очекуван реванш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ONE Championship (@onechampionship)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON