Малигнаги: Оној егоманијак не тераше да правиме соочување пред спарингот

Полие Малигнаги е огорчено од начинот на кој ја заврши соработка со Конор Мек Грегор.

36-годишниот поранешен светски шампион во бокс во две тежински категории откри уште некои детали од подготовките на Ирецот за борбата со Флојд Мејведер.

Малигнаги вели Мек Грегор е во еден таков „филм“, освен што го довел пензионираниот судија Џо Кортез, сите ги принудувал на почетокот спарингот да прават спаринг како да станува збор за вистинска борба. Пред тоа, свечено влегувале во рингот.

„Џо Кортез е судија кој е член на Куќата на славните и не може да му забележамв што го доведе за се да се направи спрема пропишаните правила“.

„Но, ми вели дека сака се да изгледа како да е борбата вечерва. Има сè, најави и соочувања. Тогаш помислив кој е овој егоманијак, дркаџија. Тогаш прв пат го помислив тоа“.

„Кога слушнав дека сака соочување за спарингот, помислив кој е овој егоманијак дркаџија. Не се вознемирив заради тоа. Тоа е она што го сака тој. Судијата ќе ве повика и ќе ве најави и го одработувате соочувањето. Мек Грегор ве гледа како да не станува збор за вистинска борба, но јас не можев да влезам во тој штос“.

„Во текот целата моја кариера секогаш бев ист на соочувањата. Ќе скокнев горе-долу и ќе го застрелав со поглед. Не сакав да го работам тоа, само злобно се смешкаа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО