ММА или мешаните боречки вештини во светот се во полн замав а кај нас во зародиш, но пополека фаќаат чекор. Еден од тие клубови е Центарот за борачки вештини „Максам фајт“ од Прилеп, кој е меѓу ретките вакви клубови кај нас. Пеце Ангелески е сопственик на клубот. Седум години ги негува мешаните боречки вештини, кои ги усовршувал на огромен број семинари кај познати светските имиња од овој спорт.
„Максам фајт“ започнал како клуб за кикбокс и обучен центар за самоодбрана, а за дџа биде чекор со новите трендови во боречките вештини, Ангелески си ја поставува целта да посети што повеќе семинари. Неговото искуство го пренесува на асистентите, кои подоцна тргнуваат по неговите патеки. Сите морале да ги научат правилата, кои се различни од оние во кикбоксот, а во ММА се поинакви, затоа што се микс од кикбокс, карате, џудо, бразилска џиуџица, самбо, борење итн. Сè се анализарало, но следело и доусовршување.
„Имавме можност и шанса да се надградуваме со помош на клубовите од Скопје и нашиот престедател за бразилска џиуџица, Ивица Алексоски, кој во тие семинари ги вклучи најголемите светски имиња за овој спорт. Тука е Карлос Њутон, светски првак во ултимејт фајт шампионатот, што е врв за микс борачките вештини, тоа би било како кај нас сега еве, понародски објаснето, како да го донесе да тренира со нас Меси во фудбал. Кај нас дојде и Жорж Переира од Бразил, исто така врвен светски стручњак. Тоа беа тешки и исцрпувачки семинари кои траеја и по неколку дена, каде се посветуваше внимание на тактиките, подготовката како на физички така и на психички план, техниките за борба, како да се испровоцира противникот, кои удари се употребуваат, кога и каде и слично. На почеток одев прво јас на тие семинари, па потоа одеа и моите асистенти. Досега сме учествувале како тим на над 30 семинари за овие 7 години, што е навистина една исклучителна бројка“, вели Ангелески.
Како посебно значаен го спомнува семинарот на Бугаринот Љубомир Јорданов, кој воедно е главен инструктор во Бугарија за обука наа специјалните единици на бугарската армија, полиција и службите за обезбедување. Семинар за бразилска џиуџица одржал Бојан Мирковиќ, претседател на Хрватската федерација за џиу џица. Па семинарот со Зоран Петковски, европски вицешампион во кикбокс.
– Роберт Наумоски од Австралија е единствен носител на мајсторски појас од Македонија во бразилска џиуџица. Тие ги поставија темелите на овој спорт во Македонија и сега Наумоски нам ни е координатор и тој е главен за Македонија за бразилска џиуџица. Благодареност до прилепчаните кои заминале во Австралија, Швајцарија или Холандија и кои ги изучувале борачките вештини, кои ни ги пренесуваат најновите светски искуства и на нас, – истакнува Ангелески.
Тој посочува дека на организираните натпревари се појавувале по 120 до 130 натпреварувач што е е редок случај во Македонија да има по 90 борби во текот на еден ден.
Ангелески ја истакнува специфичноста на клубот, зашто како центар на борачки вештини функционираат два клуба и две други групи. Официјални клубови се клубот за кикбокс Максам, каде што тој е тренер, и клубот за бразилска џиуџица кој се вика „Тhe strongest and roots Prilep“, чиј претседател е Катерина Атанасоска, кој една и пол година. Покрај тоа, делуваат ММА-групата и групата за самоодбрана.
Пред извесно време во овој клуб семинар одржаа познатите ММА борци Драган Пешиќ и Стефан Звијер, а потоа следуваше и семинарот во Бања Лука, каде што членовите на „Максам фајт“ – Прилеп отидоа на покана на истакните ММА борци од нашиот регион.