Поранешниот шампион на УФЦ во перо категорија, Макс Холовеј (23-7) му честиташе на Александар Волкановски (24-1) за победата на УФЦ 276, нарекувајќи го Австралиецот со македонско потекло најдобар борец во светот.
Тие ја имаа третата борба минатиот викенд во Лас Вегас. Александар доминираше и не загуби ниту една рунда во борбата, која ја доби со одлука на судиите – (50–45, 50–45, 50–45).
Холовеј по трет пат падна пред Волкановски и нема да добие шанса за титулата додека Алекс е шампион. Обожавателите на Макс се тажни поради поразот, но тој ги охрабри со следнава изјава:
„Во трилогијата сè уште водам 2-0 во нокдауни. Веројатно ќе биде потребна четврта борба за да се реши се. Само се шегувам.
Му честитам на мојот брат Алекс Волкановски. Оди во лесна категорија и земи го појасот. Ти го заслужи тоа. Ти си борец број еден, независно од категоријата“, напиша Холовеј на Твитер.
View this post on Instagram