Макпетролци во составот на репрезентацијата освоија 7 медали на „Трофеј Македонија“ (ФОТО)

Каратистите на Макпетрол како дел од репрезентацијата на „Трофеј Македонија“ освоија седум медали – 1 златен, 5 сребрени и 1 бронзен, а тренерот Бошко Заборски смета дека ова е одраз на квалитетен сениорски тим со големи потенцијали.  

„Ова беше последно учество за оваа година, каде што како клуб, сега во состав на македонската карате репрезентација земавме учество и настапивме на Меѓународниот карате турнир „Трофеј Македонија“. Нашите сениори на крајот на сезоната уште еднаш имаа успешно претставување и направија многу квалитетни борби. Имавме успешна контрола и настап со вкупно шест финалиња, а тоа само зборува дека во моментов сме квалитетен спортски колектив со големи потенцијали во сениорска конкуренција. Многу лесно можевме да имаме и повеќе златни медали, но најважно за нас е тоа што во овој дел од периодизацијата ја задржуваме висината на спортската форма која е задоволителна. Спортистите нема многу да одмараат, веднаш во јануари имаат два важни турнири еден во Хрватска на Кроација опен и потоа заминуваат за турнирот на Карате 1 Премиер лигата во Париз, Франција“, изјави тренерот Бошко Заборски.

Освојувачи на медали се :

1.Анѓела Мојсовска златен медал категорија -68 кг

2.Наташа Стефановска сребрен медал -61 кг

3.Моника Пендаровска  сребрен медал -55 кг

4.Давид Петков  сребрен медал -67 кг

5.Петар Заборски сребрен медал -75 кг

6.Петар Спасеновски сребрен медал -84 кг

7.Моника Стефановска бронзен медал -68 кг

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО