Макпетрол – женски тим: Сериозна екипа сме за европски медал!

Reprezentativna trojka od makpetrol

Женската екипа во борби на КК Макпетрол на Светскиот куп Лашко во Словенија го освои првото место во конкуренција на репрезенттаивни состави. Моника Стефановска,Наташа Стефановска и Симона Заборска викендов се пред уште еден предзивик пред Европското првенство во Монпелје, Франција, тоа е турнирот во Салзбург-Австрија, од Карате 1 Премиер лигата.

Makpetrol na piedestal na Lasko 2016

На Светскиот куп – Лашко во Словенија остваривте исклучително вреден резултат – прво место во екипна конкуренција и тоа во борба со официјланите репрезентации на неколку земји аспиранти за висок пласман Европското првенство во Монпелје, Франција.

Што ви вдахна мотив за да стигнете на врвот?

Моника: Кај нас секогаш постои мотивот за да направиме успех. Но, според мене, повеќе е изразен во екипниот дел, каде што задоволството при освојување медал и остварување успех е поголемо отколку во поединечното натпреварување, што може и да се согледа од изминатите екипни резултати.

Симона: И покрај нашата подготвеност не успеавме да освоиме пласман во поединечна категорија, а тоа беше мотив плус да се докажеме во екипниот дел каде покажавме дека навистина бевме подготвени. За да оствариме добар резултат, како екипа сме многу компактни и дадовме максимум и успеавме да ги победиме и најдобрите во Европа.

Наташа: Меѓусебното секојдневно вежбање во нашиот клуб и меѓусебната мотивација која што си ја даваме една на друга не тераат да напредуваме. Минатата година како женски тим имавме исклучително висок резултат на репрезентативно ниво –5-то место на Европското првенство во карате. Освоивме и бронзен медал на Балканското првенство во 2015 година. Сето тоа придонесе да се појави уште поголема желба и мотивација за поголеми успеси.

Makpetrol zeno so trenerite

За оние што го следеа Блаканското првенство во Истанбул ова е изненадувачки настап, бидејќи во Турција многу бавно, успорено, ги изведувавте ударите и техниките. Што се случи за две недели, за да експлодирате и да го освоите првото место во така силна конкуренција?

Моника: Балканското првенство ни беше добра поука, а и мотивација за ова натпреварување. Ги согледавме грешките од ова првенство,ги елиминиравме и настапивме многу посамоуверени, помотивирани и со поголема желба за победа.

Симона: Можеби психолошкиот момент беше пресуден за да стигнеме до едно такво високо одличје на светскиот куп во Лашко

Наташа: Балканското првенство ни беше прв поголем натпревар оваа сезона. Спортистите доживуваат и порази. Но, од поразот мора да извлечеме поука и да се поправиме со цел да постигнеме повеќе на следното натпреварување. Така и ние, мотивација ни беше можеби и поразот, но и формата се подигна на уште повисоко ниво. Го дадовме максимумот.

Дали ова значи дека на ЕП ќе гледаме репрезентација која ќе се бори за врвот?

Моника: Со оглед на тоа дека овој медал го освоивме борејќи се и победувајќи многу квалитетни репрезентации, минатогодишниот пласман од 5-тото место и најголем успех во женска екипна конкуренција на едно Европско натпреварување во Македонија, а и искуството ни покажа дека ништо не е невозможно, сметам дека сме сериозен конкурент за Европски екипен медал.

Симона: Секако сите ние сме со позитивна мисла дека на европското првенство ќе имаме успешен настап за да ја оправдаме нашата посветеност и, секако, ќе целиме на медал.

Наташа: Секако. Ние се надеваме на уште поголем успех од минатото Европско првенство. Групирани и мотивирани сме и желбата за медал постои. Ќе дадеме се од себе за медал на Првенството.

Simona Zaborska Lasko 2016

Дали борбите на женската екипа се во сенка на машката?

Моника: Борбите на женската екипа пред периодот на нашите успеси можеби биле во сенка, но сега не е веќе така.

Симона: Не би рекла дека женските екипи се во сенка на машките, ценам дека сме рамноправни.

Наташа: Можеби пред неколку години биле, меѓутоа, откако се потврдивме како цврста и компактна женска екипа, не треба веќе да постојат тие разлики.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON