Макпетрол со подмладен состав во Премиер лигата, Петар Заборски дебитира во сениори

Drzavno seniori-ki 2014 (4)

Каратистите на Макпетрол викендов ќе нстапат на Карате 1Премиер лигата во Кобург, Гермнаија.

За скопската екипа ќе настапат: Симона Заборска (-55 кг), Наташа Стфановска (-61кг), Ана Марија Несторовска (-61кг), Томе Тодоровски (-67 кг), Симон Антиќ (-84 кг), Игор Танвски (-67 кг), Емануел Ристевски (+84 кг) и Петар Заборски (-75 кг).

 Петар Заборски ќе го има првиот настап во сениорска конкуренција во Премиер лигата.

За Премиер лигат во Кобург до сега се пријавени 55 држави од 219 клуба со 719 пријавени спортисти во сениорска конкуренција.

Petar zaborski so pojas

 „Во Германија има пријавено спортисти од 55 држави, поголемиот дел од нив се и стандардни репрезентативци на националните тимови.Бидејќи се ближи крајот на Лигата, за подобар пласман и освојување на бодови се пријавени најдобрите светски каратисти. Затоа, нема да биде ни малку лесно да се оствари пласман меѓу 10-те најдобри во секоја тежинска категорија.Тимот на Макпетрол за овој турнир е составен од помлади каратисти, бидејќи одлучивме да им дадеме предност на нив,  затоа што во ноември имаат Светско првенство во Индонезија.

Нашиот најмлад каратист Петар Заборски, кој е јуниорски европски вицешампион, од оваа година ќе дебитира во Лигата и за прв пат ќе ги вкрсти ракавиците со најзвучните карате имиња од целиот свет. Но, овој пат, во сениорска конкуренција“, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON