Макпетрол со злато, две сребра и бронза на Кроација опен (ФОТО)

Каратистите на Макпетрол имаа успешен настап на еден од најголемите Меѓунардони карате турнири во регионот „Кроација опен 2019“ во Риека, Хрватска, освојуваќи по еден златен, два сребрени и еден бронзен медал.

Во сениорска конкуренција и во У-21 Сара Радичевска и Ангела Мојсовска се закитија со сребрени медали, а Абдурахим Идризи го освои првиот медал во сениорски натпревар – бронзен. Исто така и кадетот Витомир Трајковски (-70 кг) освои злато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО