Карате клубот Макпетрол со репрезентативците од своите редови денеска замина во зимската тренинг база во хотелот Макпетрол во Маврово, како дел од завршните подготовки за Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Софија, Бугарија за 10-тина дена.
„Не смееме и не можеме да оставиме ништо на случајност. Ние секогаш правиме се што е во наш домен за максимална подготовка на нашите репрезентативци. Првиот дел од еднонеделните подготовки ги завршивме на почетокот на јануари.Потоа имавме заеднички викенд подготовки со бугарскиот национален тим. Вториот дел го направивме во Скопје во нашата тренинг сала и сега сме во завршната трета фаза од овој дел на периодизацијата до Европското првенство за кадети,јуниори и (У21, постари јуниори), кое треба да се одржи во Софија. До почеток на Првенството имаме уште неполни две недели.
Во Маврово ќе останеме една недела до 11 февруари и последниот ден имаме и заеднички тренинг со репрезентацијата на Македонија во Скопје..За подобра подготвеност на нашите репрезентативци го вклучивме и ангажиравме комплетниот сениорски погон од клубски натпреварувачи, вкупно 15 сениори/ки ќе работат за подобра подготвеност на нашите репрезенти: Петар Заборски (-75), Моника Пендаровска (-55) и Анѓела Мојсовска (-68), сите се во возрасна група на постари јуниори У-21“, изјави тренерот на клубот Бошко Заборски.
Ipon.mk/В.Д.