Макпетрол на подготовки за Европското карате првенство во Подгорица

358

Покана за учетсво на подготовки во Подгорица, Црна Гора, доби Карате клубот Макпетрол врз основа на дологодишната соработка со КК Омалдинац која трае  веќе 10-12 години. Поканата е упатено од тренерот на Омладинац Жарко Араковиќ, а подготовките се 14-18 април.

На подготовки во Подгорица, кои се за Европското карате првенство кое годинава ќе се одржи во Пореч-Хрватска, ќе патуваат: Петар Спасеновски, Петар Заборски, Анегла Мојсовска, Сара Радичевска, Симона Заборска,Моника Пендаровска, Давид Петков, Глигор Петков, Абдурахим Идризи и Викторија Јовановска.

Потоа ќе има возвратни за заеднички подоготвки со Макпетрол во Скопје или Струга.