Макпетрол на Кроација опен ја отвора есенската сеозна

Каратистите на Макпетрол ќе учествуваат на еден од најмасовните и највисоко рангирани карате турнири ,„Кроација опен“ што ќе се одржи во Риека од 28 до 30 септември 2018 година. На турнирот ке учествуваат каратисти од 25 држави со 1908 пријавени натпреварувачи. 

„Подготвени сме за турнирот и ова е почеток на есенската сезона која ќе биде напорна и тешка како никогаш до сега, од причина што каратистите на Макпетрол истовремено се подготвуваат за три големи натпреварувања кои следат во наредниов временски период. Тоа се: учество во Токио, Јапонија на Карате 1 Премиер карате лигата, потоа подготовка за Светското првенство кое ќе се одржи во Мадрид во месец ноември и секако јуниорските репрезентативци и јуниорите и (У21) кои ќе учествуваат на државното првенсттво, кое е критериумско за влез во репрезентацијата, исто така во ноември’, изјави Заборски

За Хрватска ќе заминат следните натпреварувачи: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков, Абдурахим Идризи, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО