Каратистите на Макпетрол и Металург со добри резултати по првиот ден од квалитетниот меѓународен турнир „Гранд при Кроација“ во Самобор, Хрватска.
Петар Заборски во категоријата до 76 килограми за јуниори до 21 година забележа најдобар резултат од сите македонски каратисти, го освои второто место во исклучително квалитетна конкуренција. Во оваа возрасна категорија Горан Николовски (-60 кг) од Металург, Игор Таневски (-67 кг) и Сара Радичевска (-50 кг) од Макпетрол освоија бронзени медали.
Со бронзен медал во кадетска конкуренција во категоријата до 47 килограми се зкаити и Драгана Манговска од Металург.
На турнирот во Самобор учестуваат 1700 каратисти од 206 клубови од 23 држави, што е апсолутен рекорд на Гранд при Кроација. Повеќе земји се претсавени на ниво на репрезентации.
Од македонските клубови со свои натпреварувачи настапуваат: Макпетрол, Металург, Урбан инвест, Фунакоши Гичин, Партизан Кочани, Форца, Камиказе и Тигар.
ipon.mk/В.Д.