Каратистите на Макпетрол немат време за празнување, веднаш по прославата за Нова година заминаа на подготовки во својата зимска база, хотелот на Макпетрол во Маврово.
„Моравме да се одлучиме на ваков чекор, не очекуваат многу натпревари и не смееме да дозволиме спортистите премногу да бидат надвор од тренажниот процес. Нашите јуниори и постари јуниори од 13-15 јануари ќе заминат на Кроација опен, Самобор, на контролен и квалификациски турнир за влез во репрезентацијата. Потоа во средината на февруари е Европското првенство во Софија, Бугарија. Сениорите, пак, имаат настап на Државното првенство во феврурари и мораме да ја темпираме формата за сите овие натпревари. Засега подготовките течат по предвидената динамика“, изјави тренерот Бошко Заборски.
Ipon.mk/В.Д.