АктуелноМеѓународна сценаММА
Мирко Филиповиќ: Имам здравствени проблеми и ова е крај на мојата кариера!
Мирко Филиповиќ по враќањето во Хрватска изјави дека дефинитивно ја завршува неговата исклучително богата кариера.
Филиповиќ порача дека Ризин Гран при бил неговиот последен голем турнир во кариерата.
„Ова е дефинитивно мој последен турнир. Имам здравствени проблеми и ова е крај на мојата кариера“, порача Филиповиќ во хрватскиот ТВ Дневник.
„Го дадов својот максимум, знам дека и порано го најавував мојот крај, но ова е крај дефинитивно. Евентуално доаѓа во предвид само уште еден, проштален натпревар, но само доколку успеам да ја санирам повредата на коленото со која имам големи проблеми“, се надополни легендарниот Филиповиќ.




