Мајка и на Ронда думаше: Ќерко повлечи се!

Ronda rusej

Најголемата женска ѕвезда на УФЦ и воопшто во боречките спортови, Ронда Русеј, се врати во рингот по речиси една година пауза, за повторно да биде експресно нокаутирана.

Русеј имаше неславен камбек по нокаутот од Холи Холмс, откако во дуелот за титулата во бантам категоријата загуби од Бразилката Аманда Нуњеш, која со десната рака зададе нокаут по само 48 секунди борба.
„Знам колку е голема Ронда и знам дека сите ја сакаат, но никој нема да ми го одземе појасот“, изјави Нуњеш по 14. победа во кариерата.
Многумина предвидуваат дека ова би можело да биде крај на Роузи, а меѓу оние што ја повикаа да се повлече беше и нејзината мајка.

„Можеби, сега не е момент за избрзани одлуки, но би сакала да ја видам во пензија. Тоа, всушност, го посакувам одамна. Кој сака да гледа како го удираат неговото дете? Таа има и многу други таленти. Убава е и умна, не знам зошто дозволува да ја удираат во лице“, изјави Анмарија де Марс.
Самата Роусеј кажа дека ќе размисли за својата иднина.
„Мојот кам-бек не излезе како што планирав и такви работи се случуваат. Ми треба малку време да размислам што понатаму“.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО