АктуелноДомашна сценаКарате

Mакпетрол е најтрофеен македонски клуб по бројот на освоени медали од Балканските првенства

Од прикажаната табела за период од 1999-2026 година, од учества на Балканските првенства клубот Макпетрол освоил вкупно 213 медали. Од кои 41 златен, 64 сребрени и 108 бронзени медали.

Во следниот текст ќе дадеме преглед за освоени медали од учествата на Балканските првенства на овој спортски колектив, во временски период од од 1999-2026 година.

Минатата седмица во Бања Лука, Босна и Херцеговина, се одржа Балканското карате првенство за сениори. На првенството учествуваа 11 држави. Каратистите на Макпетрол во состав на репрезентацијата на Македонија освоија четири бронзени медали. Два во поединечна конкуренција, Јована Мицовска и Викторија Јовановска, а тие двете беа во женскиот кумите тим, кој, исто така, освои бронзен медал.

„Овие нови постигнувања на клубот сакаме да ги објавиме јавно и дополнето за да го претставиме точниот број на освоени медали, само од овој тип на натпревари, Балканските првенства и тоа за временскиот период од 1999-2026 година“, велат од Макпетрол.

Во оваа статија ќе бидат презентирани освоените медали од Балканските првенства и тоа за сите возрасни категории, кадети, јуниори, постари јуниори (У21) и сениори.

Во табеларен приказ најнапред ќе ги прикажеме вкупниот број на освоените медали за сите возрасни категории од сите Балкански првенства за дадениот временски период.

Освоени медали на клубот Макпетрол од учества на сите Балкански првенства за периодот од 1999-2026 година.

Во табела бр.1, дадени се вкупниот број на освоени медали на клубот Макпетрол, од сите Балкански првенства организирани од страна на БКФ, (Балканската карате федерација која е составена од 13 држави).

Да нагласиме дека на Балканските првенствата имаа право да учествуваат само првите четворица во секоја тежинска категорија од секоја држава.

Табела 1 – вкупен број на освоени медали од Балкански првенства во период од 1999-2025 година, на каратисти од КК Макпетрол – Скопје.

Од прикажаната табела за период од 1999-2026 година, од учества на Балканските првенства клубот Макпетрол освоил вкупно 213 медали.

Од кои 41 златен, 64 сребрени и 108 бронзени медали.

Сите медали кои се освоени имаат своја тежина и вредност, но, сепак, сениорските медали се највредни и најтешки за освојување, затоа тие во спортот имаат и највисок рејтинг. Во секој спорт, сениорските постигнувања се највисоко рангирани резултати. Клубовите кои имаат сениорски тимови се највисоко
рангирани клубови во државата. Бројот на освоени медали вo категорија – сениори го дава точно утврдениот ранг за успешноста на клубот за истражениот временски период. За точно да ја одредиме возрасната успешнпот и придонес за развојот на македонскиот карате спорт, се одлучивме за уште еден табеларен приказ каде што сега ќе ги прикажеме, освоените Балкански медали, по возрасни категории на спортисти од пионери до сениори.

Од следната табела бр.2 можеме да го видиме точниот сооднос на освоените балкански медали за периодот од 1999-2026 година за сите возрасни категории на спортисти. Вкупно се освоени 213 медали на Балканските првенства.

Табела бр.2: Освојувачи на медали на каратистите од Макпетрол од сите Балкански првенства по возрасни категории на спортисти

Од табелата може да се констатира дека, најголемиот број од освоени медали се од највозрасните категории на сениори -ки и постари јуниори од 18-21 година (У-21). Во овие сениорски категории кои се и најтешки за постигнување на резултатски успех освоени се вкупно 90 медали.

Младинските погони на клубот во јуниорска и кадетска конкуренција nа Балканските првенства возрасните групи на јуниори и кадети младински репрезентативци на Македонија освоиле вкупно 117 медали.

Од статистичката анализа на прецизно издвоени резултатски постигнувања на клубот прикажани за само еден тип на натпревари, во случајов само за Балканските првенства. Може да констатираме дека Карате клубот Макпетрол од Скопје е историски најтрофејниот и најуспешниот спортски колектив кој доследно и континуирано придонесувал за успешноста и развојот на карате спортот во Македонија.

Сениорскиот тим 2025 – година по бројот на освоени медали од Балкански првенства Макпетрол е најтрофеен Македонски карате клуб на сите времиња во Македонија.
Сениорскиот тим 2022-2023 – година

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON