Македонците во составот на Австралија на карате Првенството на Океанија освоија осум медали, покрај сестрите Маријана и Мишела Димоски со по два, со сребро се закити Пеце Наумовски, а Тео Цветковски и Макајла Тасевска со борнзи, но таа има две одличја во Купот на Океанија за кадети во кати и борби.
Пеце Наумовски (-67 кг) во сениоркса конкуренција имаше директен пласман во финалето во кое загуби со 9-0 од Џил Берни од Нов Зеланд.
Тео Цветковски (-57 кг) во кадетска конкуренција го освои борнзениот медал на Првенството на Океанија во Оукленд, Нов Зеланд, за репрезентацијата на Австралија.
Во единствената борба за влез во финалето тој се бореше нерешено со Кајл Кабангун од Нов Зеланд 1-1, но поради прв освоен поен противникот се пласира во финалето.
Додека на Купот на Океанија Макајла Тасевска освои две бронзи во У-14 во кати и во борби во У-14 до 47 кг.
Сестрите Димоски освоија бронзи во кати во сениорка конкуренција и злато за Маријана и сребро за Мишела во сестринското финале во У-21во кати.
Ipon.mk