Аце Арсов имаше шанса за бронза, утре настапуваат Данов и Димитров на ЕП во самбо

Аце Арсов (100 кг) во четвртфиналето загуби од Тачил (Моладавија) на  Европското првенство во самбо во Атина, Грција, во спорт-самбо, а во борбата за бронзениот медал во репасажот е поразен од Унгарецот Ференц Ширанко (Унгарија).

Утре треба настапат Бобан Данов +100 кг, Мердан Арифи 90 кг и Тарик Рашити 66 кг во спорт-самбо, а во комбат-самбо Ристо Димитров 66 кг.

Вчера Александар Петковски (100 кг) во комбат-самбо беше поразен.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО