Одлични подготовки на македонската таеквондо репрезентација во Крушево, заверени норми за Токио е главната цел

Македонската таеквондо репрезентација утре го завршува првиот 12-дневен циклус подготовки пред олимписките квалификации во мај.

Претседатело на МТФ и селектор на националниот тим Борче Костовски исткна дека е презадоволен од првиот циклус подготовки пред претстојното сениорско Европско првенство 7-11 април во Бугарија. Тој истакна дека веднаш по ЕП ќе заминат на вториот 12- дневен циклус подготовки, веројатно во Охрид.

Костовски додадва: „Не чека силно тешко сениорско Европско првенство со пеколна конкуренција, таму заминуваат Дејан Георгиевски (+ 87 кг), Филип Додевски (-87 кг), Филип Стаменов (-80 кг), Марко Аврамовски (-58 кг), Анамарија Георгиевска (-67 кг), Мила Релјиќ (-62 кг), секако, по трите сениорски медали донесени од ЕП за сениори за Македонија и овој пат целиме на највисоки одличја и тука нема дилема.

Но она што сакам да го потенцирам е тоа дека главната наша цел се олимписките квалификации на 9 мај во Софија. Таму заминуваат европските медалисти Дејан Георгиевски, Филип Додевски и светската јуниорска медалистка Анамарија Георгиевска.

На олимписките квалификации одиме со нашите најсилни адути и искрено се надеваме дека можеме да ја израдуваме нашата држава со обезбедени олимписки норми.

Докажавме дека можеме многу, станавме еден од најтрофејните спортови во Македонија, работиме максимално, студиозно пристапуваме кон сите предизвици, даваме се од себе и се надеваме дека за сето тоа ќе добиеме печат со карти за Токио.

Сакам да ги пофалам репрезентативците за одличните подготовки во Крушево, се надевам дека јуначкиот дух кој го има овој град дополнително ќе ни даде придонес во предизвиците.

Со Господ напред одиме према најголемите спортски врвови, главен мотив е Македонија“.

Покрај подготовките, репрезентацијата доби и опрема во вредност од 10.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON