Македонија, односно македонските клубови, освоија најмногу медали на Меѓународниот карате турнир Гранд при Македонија за деца кадети и јуниори, во организација на КК Кизаме, вкупно 156 – 39 златни, 40 сребрени и 77 бронзени.
Косовските каратисти се втори со 39 медали (12-13-140, а црногорските трети 30 (9-8-13), потоа следат Србија 21 (8-3-10), Хрватска 3 (1-0-2), Унгарија 1 (0-1-0) и Словенија 2 (0-0-2).
За кадети, јуниори и У-21 имаше отворени категории со парични нагарди.
Кај кадетките првото место го освои Драгана Ефтимовска од КК Штип, додека кај јуниорките Јанина Дардишта (Форца) освои бронза. Во У-21 имаше македнско финале во кое силите ги одмерија Јована Мицовска (Макпетрол) и Рудина Алиу (Цветан Димов), а поуспешна беше Мицовска.
Јован Врклевски (Кизаме) се закити со златен медал во кадетската отворена категорија, додека во јуниори Андреј Стојчевски (Кизаме) и Андреј Басаров (Штип) се закитија со сребро и бронза. Во У-21 триумфираше Витомир Трајковски (Макпетрол), а Стефан Стојановиќ (Макпетрол) освои бронза.
На турнирот настапија 751 каратист со со 1051 натпреварувачки влез од 89 клуба од 13 држави.
Сите резултати ТУКА