Дејан Георгиевски освои златен медал на „Скопје опен Г1“

Дејан Георгиевски (+87 кг) освои златен медал Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен Ремус“ од Г1 серија.

Георгиевски до златото елиминира двајца борци од Франција. Во финалето славеше против Ел Омар Јазиди од Франција, повеќекратен медалист од отворени турнири и европски првенства

На „Скопје опен“ Г1, еден од најсилните теквондо турнири во Европа, се натпреваруваа 800 борци од 40 држави и 220 клубови.

Македонската таеквондо федерација и Таеквондо клуб Бутел организираа светки настан во олимписки спорт кој е дел од официјалниот календар на Светската теквондо асоцијација!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО