Македонските кикбоксери со четири медали на Европското првенство во Будва

Mакедонските кикбоксери oд Европското кик бокс ВАКО првенство се враќаат со 4 медали.

Миа Тодорова освои сребрен медал, а Горјан Ристевски, Олгица Орешкова и Силвио Мировски бронзени.

Туркер Исмаил поради повреда настаната на квалификациите не успеа да се пласира за борба за медал.

„Нашите репрезентативци покажаа одлична пожртвувсност во борбите. Сакам да кажам дека и покрај напорните тренинзи што ги имаа сите наши натпреварувачи во подготовките, пандемијата остави последици и си го направи своето, спречувајки ги да го дадат својот максимум во рингот.

Нашите натпреварувачи одлично се изборија. Имајќи ги предвид сите потешкотии со кои се справуваме изминатиот ковид период, јас сум задоволен од постигнатите резултати“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко и додава:

„Но, скоро сите веќе го имаат прележано вирусот и се вакцинирани, па се надевам во иднина нема да има што да не спречи или ни отежне во остварувањето на подобри резултати“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО