Холовеј подобар од Јаир во епска битка (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во перо категорија Макс Холовеј уште еднаш ја покажа својата класа и заслужи борба за титулата.

Холовеј се соочи со Жаир Родригез во гламурозниот меч на УФЦ Фајт најт 197 доцна синоќа во Лас Вегас.

Тие направија вистинско шоу за љубителите на боречките вештини и дадоа се од себе во петте рунди во кафезот. По многу акции и одлични удари од двете страни, судиите крај октагонот досудија во корист на Холовеј еногласна дпобеда – (49-46, 48-47, 48-47).

Првите две рунди беа релативно рамноправни, при што Холовеј имаше мала предност во боксерските размени, а Родригез се потпираше на силни удари во нозете на противникот.

Во третиот дел Макс почна повеќе да го притиска противникот и така дојде до нокдаун во негова корист. „Блажениот“ продолжи со нападот на партер и се обиде да го заврши мечот со доминација и лавина удари, но Јаир успеа да се одбрани и да се исправи.

Во четвртата рунда работите повторно дојдоа на партер. Видовме неколку размени на обиди за удирање и удари на партер. Во последните пет минути Јаир знаеше дека заостанува и се фрли во борба како лав. Неговите напади не престанаа, но не беа доволни за да се добие судиската наклоност. Ова беше втора последователна победа за Холовеј.

„Ќе видиме што ќе се случи. Имам победа над шампионот во горната категорија, ги чекам Волкановски и Конор. За да бидеш најдобар, треба да го победиш најдобриот, а тоа сум јас. Можат да ме бараат“, изјави Макс по победата.

Резултати УФЦ Фајт најт 197 – Главна карта:
Макс Холовеј – Јаир Родригез (49-46, 48-47, 48-47)
Маркос Рожерио де Лима – Бен Ротвел со ТКО 1, 0:32
Фелисија Спенсер – Леа Летсон со ТКО 3, 4:25
Каос Вилијамс го совлада Мигел Баеза со ТКО 3, 1:02
Сонг Јадонг – Хулио Арце со ТКО 2, 1:35

Прелиминарни:
Џоел Алварез – Тијаго Мојсес со ТКО 1, 3:01
Андреа Ли – Синтија Калвиљо со ТКО 2, 5:00
Шон Вудсон – Колин Енглин со ТКО 1, 4:30
Кортни Кејси – Лијана Џоџуа (30-27, 30-27, 30-27)
Рафаел Алвеш – Марк Диакизе со завршница Р1, 1:48
Да Ун Јунг – Кенеди Нзечукву со КО Р1, 3:04

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО