
Македонските кикбоксери освоија 20 медали – 9 златни, 6 сребрени и 5 бронзени на Европскиот куп „Балкан опен“ во Тешањ, Босна и Херцеговина.

Максим Митросвки, Лука Кипровски и Силвио Мировски борбите ги добија со нокаут во втората рунда. Петре Велков ја продолжува успешната серија на златни медали. Младите надежи Милан Нешкосвки кој извојува три победи, Јован Јанковски, Љупче Атанасов, Дамјана Пеовска и Рахим Вејсиловиќ праќаат порака дека може да се смета на нив.

Шампион е најдобар клуб во дисциплините во ринг со 4 медали – 3 златни и 1 сребрен.

Медалите ги освоија:
Златни
Максим Митросвки -75 кг сениори, К1, Шампион
Лука Кипровски -91 кг сениори, К1, Шампион
Петре Велков -67 кг сениори, К1, К1 арена
Силвио Мировски -71 кг сениори, лоу кик, Гладијатор Скопје
Милан Нешевски -75 кг,постари јунори, лоу кик, Шампион
Љупче Атанасов -57 кг, јуниори, кик лајт, Будо Квадарци
Рахим Вејсиловиќ -42 кг помлади кадети, лајт контакт, Будо Велес
Јован Јанковски -47 кг постари кадети, кик лајт, Гладијатор фајт
Дамјана Пеовска -70 кг сениори, кик лајт, Самурај
Сребрени
Кристина Спиркоска -56 кг сениори, лоу кик, Шампион
Димитар Илиевски -42 кг помлади кадети, лајт контакт, Будо Велес
Мартина Настова -70 кг сениори, лајт контакт, Будо Велес
Мартина Настова -70 кг сениори, кик лајт, Будо Велес
Димитар Давитковски –54 кг, помлади јуниори, лоу кик, Предатор
Тео Камчев -63 кг, јуниори, кик лајт, Будо Кавардци
Бронзени
Димитар Илиевски -42 кг помлади кадети, поинт фајт, Будо Велес
Данило Методиевски -71 кг постари јуниори, лоу кик, Предатор
Дарко Димитриев -71 кг сениори, лоу кик, Будо Кавадарци
Антонија Тасева -60 кг постари кадети, кик лјат, Гладијатор фајт
Петар Станковски -75 кг, постари јуниори, лоу кик, Предатор






