Македонските каратисти не ветуваат норми за Токио 2020 – туку медали!

Karate tokio 2020

Синоќа во Рио де Жанеиро беше донесена историска одлука од страна  на Меѓународниот олимписки комитет на 129 сесија за повеќе спортови, а посебно за нас беше интересно што во нив се најде и каратето, кое е најтрофејниот спорт во овие 15-тина години во Македонија. Оваа одлука се однесува само карате федерцаиите кои се членки на Светската карате федерација (ВКФ/WKF).

Antonio espinoz i josiro mori si cestitaat

Поставивме неколку прашања до освојувачите на медали во карате од Европските, Светските, Европските игри, Карате 1 Премиер лигата и Балканските шампионати, кои се дел од репрезентацијата на Македонија или тогаш може да бидат репрезентативци.

https://youtu.be/WsjxNRM4IfQ

На 3 август, вчера, на 129 сесија каратето е избрано за олимписки спорт, нешто за што сонуваа милиони каратисти во светот.

Какво е чувството кога си рамноправен спорт со останатите спортови?

Сега ќе ги нема изговорите на душегрижниците „ајде бе, ги има 100 федерации“, не се олимписки спорт. Што ќе им порачате на досегашните омаловажувања на успесите? Какви се Вашите амбиции?

Дали Македонија може да се надева,не на норма, туку на олимписки медал?

Martin Nestorovski poentira na EI vo Baku

Мартин Несторовски  – „Чувството да се биде дел од олимпиското семејство е нешто што не може лесно да се опише со зборови. Со овој чекор ќе се разјаснат сите дилеми кој е најтрофеен спорт во Македонија и кој е најнадежен спорт за остварување на олимписка норма и олимписки медал. Со тоа штоќке се потврдат теориите на МОК“.

Natasa Stefanovska na piedestal vo Salzburg

Наташа Стефановска – „Прекрасно е чувството спортот кој што за мене не претставува само хоби туку еден голем дел од животот да биде конечно признаен и разбран и од Олимписката публика. Ова требаше да се случи и многу порано, но сепак сега е нашето време и навистина се надевам и посакувам да имам шанса не само да настапам но и да остварам успех на Олимписките игри во 2020 год. претставувајќи ја нашата држава“.

Petar Spasenovski site na piedestal na EP 2016

Петар Спасеновски – „Имам само едно да изјавам, а тоа е дека на следните Олимписки игри во Токио ќе го донесам првиот златен медал во мојата категорија“.

Martin Stojmenov so peharot vo dubrovnik

Мартин Стојменов – „Е па, супер! Уште еден голем мотив за повеќе тренирање“.

Veci vo vozduh

Вероника Костовска – „Сон на секој спортист е да ја претставува својата држава на Олимпијада. Затоа чувството е прекрасно да знаеш дека тренираш спорт кој што може тоа да ти го обезбеди. Ова е уште една потврда дека упорноста и посветеноста кон некоја цел секогаш носи резултати. Ова е  одвовор на омаловазувањата на душегрижниците дека каратето ќе остане разединето без никакви шанси за учество на некоја од олимпијадите. Ова за мене лично е дополнителен мотив, но и одвоворност и обврса повеќе да го дадам својот максимум за да се најдам на некоја од олимпијадите. Македонија има многу квалитетни спортисти коишто се докажани имиња во европското и светското карате, оттаму мојот оптимизам дека Македонија е подготвена за освојување на некои од олимписките медали“.

Nenad kelebik na piedestal na Lasko 2016

Ненад Келебиќ – „Супер вести! Па, верувам дека каратето ќе постане многу попопуларно отколку што беше до сега, а ние како каратеки ќе добиеме многу повеќе на кредибилитет! Јас сум радосен што ја слушам оваа вест, а понатаму би сакал да искусам како е да си дел од олимписката фамилија.

Како и секој друг спортист, се надевам на најдоброто, бидејќи ОИ 2020 се за цели 4 години, би сакал да остварам пласман за учество на нив“!

Enes na piedestal BP 2016

Енес Смаилагиќ – „Ова е нешто за што сонуваа многу генерации пред нас, а токму ние ја имаме таа чест во нашето време да се бориме за влез во Олимпиското семејство. Секако дека е огромна мотивација да се пласирам на Олимпијадата, а уште поголем е да се освои медал на истата. Луѓето што го водат каратето направија одлична работа што го внесоа овој спорт помеѓу најголемите и најпопуларните на денешницата. Како и насекаде околу нас, така и во спортот има „душегрижници“, но нема да обрнуваме внимание на нив. Секој наш успех е успех за целата нација, бидејќи преку нас, ја претставуваме и својата земја и народите што живеат овде. Јас, како и сите каратисти во Македонија, ќе го дадам својот максимум за пласман на ЛОИ 2020. А, Македонија, секако дека ќе се надева на медал. Оваа генерација ќе покаже дека е подготвена за големи дострели и дека имаме луѓе што се подготвени да „загинат“ на татамито. Одиме напред, сите“!

Simona Zaborska Lasko 2016

Симона Заборска – Со тоа што каратето влезе во семејството на олимписките спортови, се докажа дека овој спорт ги исполнува сите услови да биде рамо до рамо со сите други спортови. Ценам дека професионализмот што постои во овој спорт е еднаков со професионализмот на сите други олимписки спортови. Со еден збор каратето ги поседува сите атрибути на еден модерен спорт кој заслужува да се вклучи во друштвото на олимписки спортови!

Секако, и јас како професионален спортист, имам желба да настапам на Олимпијада каде што рамо до рамо со другите спортисти ќе се борам за олимписки медал, што значи дека ова е уште еден посилен поттик да продолжам понатаму!

Не би биле професионалци во спортот ако не целиме кон освојуванје медали, туку би биле просечни спортисти! За мене не важи девизата „Вазно е да се учествува“, туку моја цел е да освојам медал со кој ќе се исполни мојот сон како професионален спортист!

Azis sampionski krenati race

Азиз Исмаил – „Каратето веќе одамна заслужи да биде олимписки спорт. Како што веќе сите знаеме и гледаме каратето стана многу популарен спорт во последните неколку години, а сега го украси тоа со влез на Олимпијада. Премногу сум среќен и воодушевен, нашиот спорт веќе е олимписки спорт и рамноправен со сите други спортови.

Секој на свој начин ги разбира работите. Постигнатите успеси не може да се омаловажуваат, тоа се успеси добиени со многу труд, а од денеска понатаму тие ќе бидат уште позначајни.

Сон на секој спортист е да биде на Олимпијада , така и мојот сон е да бидам на Олимписки игри. Македонија има многу европски и светски медалисти, а тоа е зрак за успеси и во Рио 2020.

Доаѓа времето кога ќе имаме шанса да покажеме и да докажеме колку е атрактивен спорт каратето“.

Emil-Murtisi 2016-02-13 15.49.40

Шабан Муртиши – „Секој каратист, и јас, овој ден го чекаме со години, за каратето да биде во семејството на Олимписките игри. Кога станува збор за нашата федерација, ја мислам може бидејќи таа е една од најсериозните во светот и имаме шанси и за медал. Ние имаме и светски и европски медали, па затоа треба да имаме и олимписки медал“.

Abdurahim izvedba na EP 2016

Абдурахим Идризи – „Како прво, редно беше каратето да биде дел од олимпиското семејство. Радоста е голема!

На омаловажувачите на успесите на каратето им порачувам да работат повеќе во своите спортови, а ние, како каратисти, се надеваме дека ќе донесеме олимписки медал. Моите амбиции се големи, посебно ако се земе во предвид фактот дека тогаш ќе имам 19 години. Мислам дека со заеднички напори и континуирана работа со мојот тренер во Макпетрол, а и со тимската работа на сите во клубот, со право ќе очекувам олимписка норма.

Мислам дека ако во некој спорт очекуваме медал, тоа е токму каратето“.

(Поголем дел од каратистите не се во Македонија така што ги неммае нивните миалења).

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON