Макeдонските борачи до 15 години освоија 6 медали – 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени на Балканското првенство во борење слободен стил кое се одржува во Букурешт, Романија.
Златните медали ги освоија Омер Мемеди (68 кг) и Мердијан Џелили (41 кг), а сребрените Марио Ананиев (44 кг) и Ангела Трајковска (36 кг), додека бронзите се за Трим Исмаили (36 кг) и Сејдие Дура.