Ресул Адиловски во категоријата до 50 килограми во јуниорска конкуренција, Омер Адиловски (-63 кг) во кадетска конкуренција и Бујар Цури (-50 кг) деца до 15 години станаа шампиони на Франција во борење во слободен стил.
Во категоријата на Ресул имало четири натпреварувачи и трите борби ги добил со следните резултати: 11-1, 11-0 и 12-0. Конкуренцијата кај Омер Адиловски била поголема, бидејќи имало 13 борачи, а победите се постигнати со следните резултати: 12-2, 10-0, 12-2 и 10-2. Од 14 натпреварувачи Бујар беше прв со четири победи: 10-0, 10-0, 10-0 и 12-11.
Ова е уште еден успех на нашите борачи и на тренерот Хамди Адили во Франција.
ipon.mk/В.Д.