Во октомври македонските боксери ќе натсапат на две големи приредби, на Европското првенство за млади во Будва, Црна Гора и Светското сениорско првенство во Белград, Србија.
Македонија на Европско првенство за млади во Будва од 13-24 октомври ќе ја претставуваат Ардијан Аземи, Хади Шехаби, Илхан Озмен и Елхан Озмен, предводе од тренерите Насер Харуни и Васко Цубалевски.
На Светско првенство во Белград од 24 октомври до 9 ноември Македонија ќе настапи со тројца боксери Јасин Лама, Арсим Етеми и Горјан Славевски, предводени од тренерот Руждија Калач