Македонскиот воин – Даниел Стефановски се враќа во рингот. Сетфановски на 17 јуни ќе се бори за светската титула на ВКУ на настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро.
„Се враќам после 2 години во ринг од мојата последна борба во Дубаи.
Добро сум подоготвен. Противникот е јак и тоа ќе биде добра борба на добро ниво. И, со Господ напред, ќе биде позитивен резултат“, изјави Даниел Стефановски за Ипон.мк и нагласи:
„Како што знаат сите, јас секој пат барам нокаут.
Фала на сите за поддршката и се гледаме на 17.06 во Штадхале Дитикон во Цирих“.