Македонски кик бокс клубови ќе настапат на Европскиот куп ВАКО Гранд при Сараево, кој почнува вечерва.
Ова се клубовите кои ќе настапат на Гранд при Сараево според пријавите:
Аждер – 4 натпреварувачи, 4 натпреварувачки влезови
Комбат 1-1
Ен ка 1-1
Енерџи 4-5
Гладијатор фајт 1-1
Гладијатор (Неготино) 2-2
Гладијатор (Скопје) 4-4
Каринг 1-1
Куманово 2-2
Предатор 4-4
Работнички Адора 9-9
Самурај 2-2
Шампион 4-7.
Од Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија истакнуваат дека се жребувани 26 натпреварувачи, односно сите пријавени не отпатувале во Сараево. Со натпреварувачите се и 8 тренери.
На турнирот ќе настапат 699 кикбоксери со 938 натпреварувачки влезови од 166 клуба од 20 држави.
„Им посакувам среќа на сите наши натпреварувачи и очекувам успешен и плоден натпревар со многу медали” изјави Дејан Митровски -Урко претседателот на Кик бокс маитаи федерација на Македонија.