Александар Ракиќ за борбата со Прохаска: Ќе биде луда борба!

Борецот на УФЦ во полутешка категорија Александар Ракиќ зборува за претстојната борба со Јиржи Прохаска. Австриецот со српско потекло е свесен за тешкиот стил на поранешниот шампион, но е подготвен за борба.

Судирот на двајца водечки борци во полутешка категорија ќе се одржи на претстојната јубилејна гала вечер УФЦ 300. Настанот ќе се одржи на 13 април во Т-Мобиле арената во Лас Вегас. Оваа борба ќе стави крај на прелиминарната карта на огромниот настан. Ракиќ се појави за време на медиумскиот ден каде ја коментираше претстојната борба.

Александар ја цени вештината на Чехот и очекува тешка битка. 32-годишниот борец е подготвен за борба со Прохаска и не се плаши од непредвидливиот стил на Јиржи:

„Тој е од Европа, а и јас од Европа. Тој не живее многу далеку од мене, па ќе видиме кој е крал на Европа, а потоа и крал на светот. Очекувам агресивен Јиржи, неконвенционален каков што беше. ќе биде тешка борба за мене, но и за него.

Тој напредува со хаос, а јас сум типот кој знае да ги среди работите. Ќе биде луда борба. Подготвен сум, па ќе видиме колку е подготвен“, изјави Ракиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО