Аикидо - Реален аикидоАктуелноДруги вештиниРеален аикидо

Македонски аикидисти учествуваа на семинарот за релано аикидо „Љуба Врачаревиќ 2025“

Во сабота, на 24 мај, во Спортскиот центар „Шумице“ во Белград се одржа Меѓународен семинар за релано аикидо „Љуба Врачаревиќ 2025“.

На семинарот имаше учесници од Србија, Македонија, Република Српска и Австрија.

Македонските аикидисти од клбовите Маруи, Пелистер, Сенсеи и Нико ги предводеше сенсеи Ѓуро Илиќ кој имаше своја тренинг сесија на овој семинар.

За убавата енергија, ангажман и прекрасното време, организаторот, сенсеи Ана Врачаревиќ, изрази голема благодарност за несебичната поддршка на, како што рече таа, драгите пријатели – Вук Рашовиќ, Ненад Пауновиќ, Милун и Јасмина, Жиле, македонскиот карате мајстор кој живее и работи во Белград, Милан Димитриески, Лука Ѓуѓа Владисављевиќ, Нада Филиповиќ и Ива.

Димитриески со својот асистент имаше атрактивна демонстрација на комбинацијата од боречки вештини уечи рју Окинава карате до.

 

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON