Македонската традиционална теквон-до федерација одржа национален семинар за тренери и судии

Во салата на Таеквон-до клубот Хва ранг ИТФ во Лескоец – Охрид, се одржа национален семинар за лиценцирани судии (А и Б класа) и судии, со учество на членови од сите клубови на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ).

Семинарот беше под водство на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател и национален тренер на МТТФ и Саша Поповски (црн појас V дан) почесен претседател и национален селектор на МТТФ.

„По зимскиот распуст и празниците, одзивот беше повеќе од очекуван, а спортската сала беше преполна, а тоа не радува и е доказ дека имаме членови кои се лојални и се трудат да учат и да постигнуваат поголеми успеси. Можеме да се пофалиме како федерација дека имаме 23 лиценцирани тренери од кои 12 се А класа, додека 11 се Б класа. Имаме и 10 комплетни меѓународни судии кои, освен како бодовни судии, сега ќе можат да се и централни судии“, вели Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО