Македонската самбо репрезентација ќе настапи на Светското првенство во Солун

Македонската самбо репрезентација ќе настапи на Севтското првенство за помлади јуниори и јуниори во Солун, Грција, од 15 до 17 октомври.

Репрезентацијата треба ќе настапи со тројца натпреварувачи. Во помлади јуниори ќе не претставуваат Стефан Станоев до 88кг и Ернес Реџиќ +100 кг, а во јуниори Омар Факиќ +100 кг.

Претседателот на федерацијата Ердал Факиќ вели дека очекува нашите репрезентативци да го дадат најдоброто од себе и достојно да ја претстават нашата земја во жестоката конкуренција. Тој очекува оваа генерација да го даде максимумот и да се подготвува за настап на Олмписките игри во 2028 година, иако се уште има надежи дека тоа може да се случи и во Париз 2024.

За прв пат, младите мажи и жени ќе се натпреваруваат за титулата најсилни самбисти во светот во осум тежински категории, а јуниорите и јуниорите – во седум.

Помлади јуниорки (Ж): 47 кг, 50 кг, 54 кг, 59 кг, 65 кг, 72 кг, 80 кг, + 80 кг

Помлади јуниори (М): 53 кг, 58 кг, 64 кг, 71 кг, 79 кг, 88 кг, 98 кг, +98 кг

Јуниори (Ж): 50 кг, 54 кг, 59 кг, 65 кг, 72 кг, 80 кг, +80 кг

Јуниори (М): 58 кг, 64 кг, 71 кг, 79 кг, 88 кг, 98 кг, + 98 кг

Новите стандарди стапија на сила на 1 јануари 2021 година. Претходно, најсилните спортисти беа распоредени во десет тежински категории.

Се очекува во натпреварот да учествуваат спортисти од 26 земји: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Франција, Грузија, Германија, Грција, Исланд, Израел, Казахстан, Летонија, Литванија, Молдавија, Мароко , Холандија, Македонија, Романија, Русија, Србија, Таџикистан, Украина, САД и Узбекистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО