Македонската кендо федерација донираше еден тон вода за загрозените семејства

Kendo iaido federcaija logo

Македонската кендо федерација донираше еден тон вода за загрозените семејства зафатени од поплавата во Скопје.

Kendo kecko sam proslava

„Средствата се собрани преку пренамена на чланарините од членовите на клубовите како и од донации на членовите на Федерацијата. Воедно, МКИФ од денес ги стави на располагање своите простории, како пункт за собирање на помош во облека, конзервирана храна, средства за лична хигиена и вода. Пунктот на МКИФ се наоѓа во населба Црниче, ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“, на ул. Банско б.б. и ќе биде активен секој ден од 10-22 часот до петок. Федерацијата стапи во контакт со градскиот Црвен крст и согласно можностите ги стави на располагање просториите како и нејзините членови да учествуваат како волонтери во активностите на Црвениот крст“, истакнува во претседателот на КИФМ, д-р Златко Кесковски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON